11 февруари 2019

Работна средба на државниот секретар Несторовска со заменик министерот за правда на Бугарија

 На 8 февруари 2019 година, во Софија, Република Бугарија, делегација предводена од м-р Магдалена Несторовска- државен секретар во МВР и национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција одржа работна средба со делегација на Република Бугарија предводена од проф. Николај Проданов, заменик-министер за правда и заменик-претседател на НКБТЛ, Република Бугарија.

На средбата, меѓу другото, се разговараше за потпишување Протокол помеѓу владите на двете држави за соработка во областа на борбата против троговијата со луѓе. Протоколот ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете Министерства за внатрешни работи, а особено меѓу Националните комисии за борба против трговија со луѓе.