08 февруари 2019

Спасени двајца тетовци што залутале на Попова Шапка

Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С,  вчеравечер ( 7 февруари ) околу 19 часот и 30 минути, во Полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони. Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, кои со ратрак, сопственост на „ЕЛЕМ турс“ се упатиле кон посочените места и ноќеска ( 8 февруари ) околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа  пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови.