03 февруари 2019

Намален бројот на тешки кражби и разбојништва


Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите што ги изнесува политичката партија ВМРО- ДПМНЕ. Ја известуваме јавноста дека бројот на кражби и разбојништва во Скопје е  намален. За тоа сведочат официјалните бројки, кои очигледно не им се важни на оние што имаат намера да ја лажат јавноста. Фактите говорат дека во 2018 година во Скопје евидентираме значителен пад на бројот на тешки кражби во објекти во споредба со 2017 година и тоа за 12,60% кај станбените објекти и 36,85% во останати објекти. Разбојништвата, пак,се со намалување од 29,20%. Изработката на целата статистика за 2018 година за работењето на МВР е во тек и ќе биде објавена на веб страницата на МВР, како што тоа се прави секоја година. За работењето на МВР сведочат и анкетите на граѓаните, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснуваат дека се чувствуваат безбедно.