01 февруари 2019

Соопштение

Министерството за внатрешни работи во целост ги отфрла дезинформациите и лагите пласирани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење на случувањата во Шуто Оризари на 28 јануари. Напротив, МВР во соработка со јавното обвинителство експресно го расчисти случајот, а за сето тоа транспарентно ја информираше јавноста со соопштенија и прес конференција. Поднесени се кривични пријави до надлежните обвинителства за седум лица и тие ќе одговараат за тоа што го сториле. Полицијата сега работи транспарентно, професионално и ефикасно, за разлика од периодот кога со министерството раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, а високата доверба на граѓаните кон полицијата е видлива на анкетите кои се презентираат во јавноста.