01 февруари 2019

Справување во услови на ниски температури и смрзнатини

 Вчера (31.01.) во периодот од 12,30 до 14.00 часот, во просториите на Полициската станица за граничен премин “Јажинце“ беа реализирани превентивни активности на тема - “Справување во услови на ниски температури и смрзнатини“. Беше одржан и работен состанок организиран од страна на помошникот командир на Полициската станица за гранични работи, а  во координација со полициски службеници од областа на превенцијата.

На средбата присуствуваа униформирани полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ,,Јажинце“, инспектори по превенција при Регионалниот центар за гранични работи “Север“ како и стручни медицински лица од мобилниот тим на Црвениот крст на Македонија.

Исто така, во текот на вчерашниот ден и во просториите на Полициската станица за Граничен надзор “Рогачево“, беа реализирани превентивни активности на истата тема и беше одржан работен состанок со полициските службеници од оваа полициска станица.