31 јануари 2019

Крводарителска акција во Центарот за обука во Идризово

Вчера и денеска (30-31.01) во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи се спроведува крводарителска акција согласно календарот за дарување крв на Црвениот Крст на Република Македонија.

На овие акции за дарување на крв во организација на Црвениот крст и Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи низ годините наназад постои голем интерес  за дарување крв, па така и годинава пријавени се 332 кандидати од Основна обука за полицаец 2018/19 година.