04 јануари 2019

Соопштение

 
Во врска со денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со објави на социјалните мрежи за наводни случаи на поткуп за вработување во Прилеп, ја информираме јавноста дека веднаш по направените објави на социјалните мрежи, преземени се соодветни мерки за проверка на изнесеното. Две лица, меѓу кои и вработената во општина Прилеп, се повикани во ПС Прилеп, но и двете лица не посочија никакво дело туку изјавија дека слушале само непотврдени гласини односно не знаат за ниту едно лице на кое му било нудено или барано поткуп. МВР ги повикува граѓаните доколку имаат било какви информации односно докази во врска со вакви или други кривични дела, веднаш да пријават во најблиската полициска станица и по таквите пријави ќе биде веднаш постапено односно ќе бидат санкционирани инволвираните.