31 декември 2018

Запленета марихуана, приведен дилер од Валандово

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П.(47) од село Брајковци, валандовско,  поради основано сомневање за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.
На 30.12.2018 година со Наредба за претрес на домот и помошните  простории  од страна на судија на претходна постапка  извршен е претрес кај пријавениот. При извршениот претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, пронајдени се едно пластично буре, осум картонски кутии  и две книжни вреќи  со марихуана. Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети се одземени, пријавениот е лишен од слобода  и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. По извршено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана  со нето тежина од 7,6 килограми. 
По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 дена.