06 декември 2018

9 декември, денот на превенцијата

 

По повод 9 декември, денот на превенцијата, СВР Скопје, Одделение за превенција ќе ја започне кампањата „Среќна и безбедна 2019 година – петардите не се играчки“.

По тој повод, на 7 декември 2018 година (петок), со почеток во 12 часот, во Сити Мол Скопје, во соработка со 10 основни училишта од Општина Карпош, Црвен крст на Град Скопје, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, СВР Скопје ќе ја презентира и ќе ја започне кампањата во пресрет на Новогодишните празници.