06 декември 2018
Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Полска
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија Н.Е. Војциех Тицињски. Министерот Спасовски му посака добредојде и успех на амбасадорот Тицињски во извршувањето на својата одговорна работа за унапредување на односите меѓу двете земји. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави, како и соработката во голем број области од заемен интерес. Двајцата соговорници разговараа за присуството на полските полициски службеници кои спроведуваат заеднички активности за зголемена контрола и надзор на јужната граница на Република Македонија, како и за натамошно продлабочување на досегашната меѓусебна соработка.