04 декември 2018

МВР го презеде претседателството со ИЦПМД за 2019 година

Заменик министерот д-р Агим Нухиу и државната секретарка на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија м-р Магдалена Несторовска, учествуваа на 71-от состанок на Управувачкиот комитет на ИЦПМД (Меѓународен центар за развој на миграциска политика), во Виена на 3 и 4 декември 2018.

На дневен ред на состанокот беа повеќе актуелни теми во врска со илегалната миграција, вклучително влијанието на Глобалниот компакт за миграција на ОН, миграцијата на Патот на свилата и Медитеранот, беше поднесен извештај за активноста на ICMPD за  2018 година од страна на директорот Михаел Шпинделегер, беше презентирана програмата за активности во следниот период, извештајот за Буџетот 2018 како и Буџетските проекции за 2019 година.

Исто така на состанокот Република Македонија го презеде претседателствувањето со Управната група на ICMPD за 2019 година. За таа цел, државната секретарка, м-р Магдалена Несторовска ги презентираше приоритетите на Репувлика Македонија за 2019 година, во кои акцент беше ставен на земјите од Западен Балкан и потребата од координиран и усогласен заеднички пристап кон овие земји како транзитни земји при илегалната миграција и нивните заеднички потреби и побарувања.