04 декември 2018

Кривични пријави за крадци што краделе по куќи во гостиварско

Секторот за внатрешни работи Тетово - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти 50 тешки и два обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(30) од Албанија и И.А.(26) од Гостивар.

 Двајцата пријавени се сомничат дека пет кривични дела извршиле во 2017 година, а 47 годинава на различни локации, претежно во Гостивар, Горна Бањица, Дебреше, Чегране, Врапчиште, Градец, Чајле, Мало Турчане, Балиндол, Форино, Топлица, Равен, населбите Фазанерија, Грудајца и на други места.

Осомничените Р.К. и И.А, кои заедно работеле во производна работилница во Гостивар, искористувајќи го отсуството на сопствениците, претежно провалувале во куќи на времено вработени во странство, комплетно ја пребарувале внатрешноста на објектите и најчесто одземале златен накит, пари, облека, мобилни телефони, бижутерија, часовници и други технички поизводи.