Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих.
На средбата стана збор за текот на процедурата околу потпишувањето на Договор за полициска соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи на СР Германија, кој беше инициран од македонска страна. Воедно, беше потенцирана одличната соработка помеѓу двете држави, која со потпишување на овој договор дополнително ќе се подобри.