05 август 2018

Соопштение 05.08.2018

 
МВР во врска со написот објавен од порталот Нет прес, известува дека Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди веднаш доби наредба да изврши проверки и да достави извештај. По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година. Не е точно дека возилото го управувало неовластено лице, ниту пак дека било управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност. Ве известуваме дека ќе бидат направени и дополнителни проверки и по утврдување на сите факти, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат преземени соодветни мерки.