“Денешната средба и постата на делегацијата на министерството за внатрешни работи на Црна Гора, на чело со мојот колега г-динот Мевљудин Нухоџиќ, е уште една потврда за нашата извонредна соработка меѓу две пријателски држави коишто во целиот изминат период се поддржуваат една со друга, минуваат заедно по еден заеднички пат. Денес, разговаравме за многу важни теми кои се однесуваат на нашата безбедност, на регионалната безбедност, за глобалните предизвици коишто стојат пред нас, но и за можните решенија што треба да ги превземе преку иницијативи за взаемна соработка“.
Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешното заедничко парафирање со министерот Нухоџиќ на Спогодбата меѓу Владите на Р. Македонија и Р. Црна Гора за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе во Охрид.
Како што потенцираше министерот Спасовски за нас е од особена важност искористувањето на позитивните искуства на Црна Гора во периодот на пристапни преговори со НАТО и отворањето на пристапните преговори со ЕУ, при што посебен фокус бил ставен на Поглавјето 24 - правда, слобода и безбедност кое што прво се отвора на агендата на пристапните преговори со ЕУ.
“Разговаравме и за европските но истовремено и наши национални и регионални приоритети - борбата против организираниот криминал и тероризмот и справувањето со сите миграциски предизвици. Притоа презентиравме дел од позначајните реформски активности што МВР ги реализираше изминатиот период во насока на воспоставување на оперативно но и нормативно квалитетен институционален систем за борба против организираниот криминал и корупцијата“, изјави Спасовски.
Во тој контекст Спасовски посочи дека заедно со минитерот Нухоџиќ веќе дефинирале одредени активности во тој правец, и ја нагласи важностана денес потпишаната Спогодба заедничка борба против трговијата со луѓе.
Од своја страна, пак министерот за внатрешни работи Нухоџиќ констатирајќи ги досега извонредно добрите пријателски и партнерски односи не само меѓу двете институции туку и меѓу двете држави, истакна дека постои и тоа како простор за натамошно продлабочување и унапредување на таа соработка. Нухоџиќ ја изрази подготвеноста на црногорското МВР но и на Владата на Црна Гора да и помогнат со своите искуства на Р.Македонија на патот кон целосното евро-атлантско интегрирање на нашата земја.
Министерот Нухоџиќ потенцирајќи ги придобивките од членството во НАТО, потенцира дека членството во НАТО на Црна Гора и донело многу привилегии, многу поголеми инвестиции и зголемен број на туристи.