Министерот Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со претставници на здружението „Клуб на генерали“, предводени од претседателот на здружението Мирослав Стојановски.
Претставниците на здружението во кое членуваат активни и поранешни генерали го запознаа министерот Спасовски со програмските активности на здружението, кои главно се фокусирани на прашањата за безбедноста и одбраната, потенцирајќи дека своето искуство и стручно знаење од овие области го користат при креирањето на анализи и стратегиски документи за безбедносните и одбранбените прашања и потребите на државните институции за безбедност и одбрана.
Министерот Спасовски изрази подготвеност за натамошна сорботка со клубот на генерали, потенцирајќи дека искуството и знаењето на членовите на ова здружение е добредојдено за реформите кои се во тек, односно за унапредување на целокупниот безбедносен систем на Република Македонија.