29 септември 2017

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Франција

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоније.

Министерот Спасовски и амбасадорот Тимоније се согласија дека соработката меѓу полициите на двете држави е на високо ниво и разговараа за можностите таа соработка уште повеќе да се интензивира, пред се во справувањето со глобалните предизвици како што се борбата со тероризмот и насилниот радикализам и проблемот со мигрантите, затоа што само со соработка меѓу државите е можно справување со овие предизвици.

Министерот Спасовски и амбасадорот Тимоние разговараа и за проектите за обука на припадници на македонската полиција  што во соработка со француската полиција треба да се реализираат во наредните неколку месеци.