Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Државата Израел Н.Е. Дан Оријан.
Амбасадорот Оријан ја потенцира добрата соработка меѓу Република Македонија и Државата Израел, а особено добрата соработка на полициите од двете земји, пред се во областа на борбата против тероризмот и насилниот радикализам и проблемот со мигрантите.
Министерот Спасовски се заблагодари на помошта од Државата Израел, особено потенцирајќи ја помошта од оваа пријателска земја за време на справувањето со пожарите во Република Македонија минатиот месеец.
Министерот Спасовски и амбасадорот Оријан разговараа и за начините на интензивирање на соработката меѓу полициите на двете држави, особено во спроведувањето на потребните обуки за зајакнување на капацитетите на МВР.