07 септември 2017

Министерот Спасовски на 17. Комитет за министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа во Крањ

 

 www.facebook.com/o.spasovski/videos/854529491391342 

 Видео од говорот на Министерот Спасовски

 

“Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа остварува вистинска опиплива стратешка и оперативна соработка која дава резултати во сите земји кои се дел од оваа платформа и недвосмислено би сакал да изразам сигурна натамошна поддршка на процесите, работните групи и настани организирани во рамки на Конвенцијата кои бараат континуирано посветено и активно учество на претставници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“, рече министерот  Оливер Спасовски во своето обраќање на 17. Комитет за министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, што денеска и утре се одржува во Крањ во Словенија.

 

Министерот Спасовски истакна и дека Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоистична Европа одигра значајна улога во подигање на свеста за потребата и можностите кои ги нуди автоматската размена на податоци, а министрите за внатрешни работи на договорните страни на Конвенцијата ја поддржаа препораката на Експертската работна група за проширување на веќе изготвениот предлог документ за автоматска размена на ДНК податоци, со што се вклучени и дактилоскопските податоци и податоци за регистрација на возила. Воедно, на оваа средба предвидено е и донесување одлука за нов раководител на Секретаријатот на PCC SEE, г. Томас Херко, предложен од страна на австриското министерство за внатрешни работи.