05 септември 2017

Министерот Спасовски во посета на СВР Охрид

 

 


 

 

 

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Охрид  во склоп на посетите што се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталната состојба и проблемите со кои се соочуваат.

-Разговаравме за новите принципи на работа на полицијата, пред се транспарентното и одговорно работење. Безбедносната состојба е добра, но се работи и да се подобри, се со цел граѓаните на Охрид и околината да бидат задоволни од работата на македонската полиција и од безбедноста- рече министерот Спасовски во изјавата за медиумите по посетата на СВР Охрид.

Еден од клучните проблеми во СВР Охрид е недостатокот на кадар, но договорени се мерки со кои ќе се реши и обој проблем.

-Можеме да бидеме задоволни од начинот на работа, но тоа постојано треба да се надградува. Ги повикувам и граѓаните да соработуваат со македонската полиција- рече министерот Спасовски.