14 јули 2017

Средба на министерот Спасовски со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција Н.Е. Димитрис Јанакакис.

Амбасадорот му посака успешна работа на министерот Спасовски, особено во делот на спроведувањето на реформите и ја потенцира подготвеноста за соработка меѓу двете земји.

Министерот Спасовски ја потенцира соработката што МВР ја имаше со грчката полиција во периодот на техничката влада, кога беа направени и контакти меѓу министрите на двете земји, а беше организирана и средба на директорите на двете полиции.

Спасовски и Јанакакис се согласија дека соработката мора да се интензивира во интерес на безбедноста на граѓаните на двете земји, особено во борбата против тероризмот, насилниот радикализам, организираниот криминал и проблемот со мигрантите. Регионалната соработка е неопходна за успешно справување со овие предизвици, а мигрантската криза беше пример за тоа колку е потребна соработката меѓу Република Македонија и Република Грција.