Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Јапонија Н.Е. Кеико Ханеда.
Амбасадорката Ханеда му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а ја потенцира и подготвеноста на Владата на Јапонија да и помогне на Република Македонија и на МВР.
Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Јапонија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој потенцира дека Владата на Јапонија секогаш и помагала на Република Македонија во кризни ситуации, како на пример за време на мигрантската криза.
На средбата беше потенцирана и добрата соработка меѓу полициите на двете земји, особено во размената на информации за справување со глобалните проблеми како тероризмот и насилниот радикализам.