30 март 2015

СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА 2011 ГОДИНА - ВО СЕМЕЈНО И ПРИЈАТЕЛСКО ДРУЖЕЊЕ

Со цел да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од употребата на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства, како и да се намали бројот на повреди кај младите луѓе, Одделението за превенција во текот на месец декември 2010 година започна со реализација на наведената кампања. Во рамките на кампањата, а во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници учениците од основните и средните училишта преку соопштение беа информирани за опасностите и штетните последиици од употребата на пиротехниката. Активностите поврзани со оваа кампања главно се реализираа на места кои се собиралишта на млади луѓе.