Вести

06 јули 2025

Превентивни активности против пожари во Беровско

 Денеска (06.07.) на повеќе локации на месностите Епрев сол, Абланица и Беровско езеро, од страна на полициски службеници од ОВР Берово во соработка со ЈП „Национални шуми“, со ТППЕ Берово и со Шумската полиција, беше реализирана едукативната превентивна активност на тема: „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари".

На граѓаните и посетителите на овие инаку туристичко-рекреативни локалитети преку делење на едукативни летоци изработени од ЈП „Национални шуми“, во непосредна комуникација им беше укажувано дека во летниот период, со зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание и затоа е забрането фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично.

Особено беше нагласено дека доколку се забележи пожар, неопходно е истиот навремено да се пријави во надлежните институции, со цел тие благовремено да интервенираат и да се спречат поголеми штети. Граѓаните беа запознаени и со фактот дека од 1 јули до 31 август е на сила целосната забрана за движење во шуми, освен со дозвола од ЈП „Национални шуми“.