05 јули 2025

СВР Скопје – превентивни активности од областа на сообраќајната безбедност

 Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (05.07.) во рамките на кампањите за унапредување на сообраќајната култура, на подрачје на Полициското одделение Сарај, односно на наплатна рампа Глумово, реализирана сообраќајна превентивно активност наменета за возачите, а под мотото – „Вози одморен“, потоа – „Стави појас“ и „Не зборувај на мобилен додека возиш“.

Во рамки на оваа превентивна активност што беше организирана од страна Одделението за превенција при СВР Скопје а во соработка со РСБСП фокусот беше насочен кон подигнување на безбедносната свест за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Дополнително покрај непосредните практични совети на возачите им беа делени едукативни материјал со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.