Денеска (05.07.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од ПС за ГП и ГН Ново Село заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Црвениот крст, на граничниот премин „Ново Село“ релизираа превентивна активност во рамки на кампањата „Безбедно во лето-вози одморен, вози одговорно“.
Возачите кои поминуваа на граничниот премин во непосреден разговор и со делење на летоци обезбедени од РСБСП беа запознаени дека заморот е една од причините за сообраќајни незгоди, особено во летниот период, со што им беше укажано за важноста одморени да управуваат моторни возила, посебно кога патуваат на долги дестинации и во овој период од годината кога голем број туристи и патници поминуваат по оваа делница.
Со оваа превентивна активност СВР Струмица уште еднаш упати апел до возачите за одговорно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи, со што ќе ја заштитат својата безбедност, безбедноста на нивните сопатници, како и на останатите учесници во сообраќајот.