Вести

15 јуни 2025

Известување


Поради зголемениот обем на барања, МВР ги известува родителите дека шалтерот во Одделението за управни работи - Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период ќе работи од 08.00 до 18.00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.