14 јуни 2025

Превентивни активности на регионалниот центар за гранични работи „Југ“

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска (14.06.) на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во соработка со волонтери од Црвениот крст на РСМ организираше и спроведе превентивна акција во контекст на безбедното патување во летни услови.

Притоа полициските службеници им улажуваа на патницитепри влез во земјава за потребата од внимателно и одговорно возење и секако со оглед на високите дневни температури пожелно одмарање во насока на избегнување на влијанието на температурите како ризик од можни сообраќајни несреќи. Тие воедно заедно со волонтерите од Црвениот крст покрај корисните совети на патниците им делеа вода како и едукативни повеќејазични летоци со информативни содржини инаку подготвени од РЦ за ГР „Југ“. Ваквите и слични активности ќе продолжат и во наредниот период дотолку повеќе што се очекува натамошно зголемување на фрекфентноста на сообраќајот преку граничните премини.