Вести

12 јуни 2025

Превентивни активности на ОВР Берово

Денеска (12.06.2025) полициски службеници од ОВР Берово во соработка со вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ на повеќе локации спроведоа превентивни активности посветени на превенцијата, односно заштитата на нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи на дрва.

Полициските службеници на средбите со локалното население и посетителите во непосредна комуникација укажуваа на неопходноста од внимателно и одговорно однесување, особено во поглед на палењето на стрништа, фрлање на отпушоци и друг запалив отпад, односно елиминирање на сите потенцијални ризици кои можат да предизвикаат шумски пожари. Воедно, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со корисни содржини за законските последици и за превенцијата од пожари на отворен простор и шумските пожари.