12 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Тетово

Денеска (12.06.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, од Полициска станица од општа надлежност при ОВР Гостивар и од Полициско одделение за безбедност на патен сообраќај, на неколку локации низ градското подрачје во Гостивар спроведоа превентивна активност под мотото - „Сите сме пешаци“, 


На пешаците, како учесници во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП а со пораки за внимателност, одговорности почитување на сообраќајните правила и прописи. Во непосредна комуникација со граѓаните исто така беше укажано дека говорењето на мобилен телефон или минувањето на улицата на необележени пешачки премини се фактори што можат да ги доведат пешаците во опасност а не ретко се и причини за сообраќајни несреќи. 

Целта на активноста беше насочена кон правилно, одговорно и безбедно учество во сообраќајот на пешаците и намалување на опасностите од сообраќајни незгоди.