10 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Тетово

Денеска (10.06.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово на неколку локации низ градското подрачје во Тетово спроведоа превентивна активност под мотото - „Сите сме пешаци“.
На пешаците како учесници во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина изработени со поддршка од РСБСП, и тоа со препораки за минување на улицата единствено на обележан пешачи премин, да не се користи мобилен телефон или слушалки додека се преминува улица или пешачки премин. Исто така во непосредна комуникација со граѓаните беше укажано на особена внимателност ноќе или при движење по неосветлени сообраќајници и слично.

Целта на активноста беше насочена кон правилно, одговорно и безбедно учество во сообраќајот и намалување на опасностите од сообраќајни незгоди, преку доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.