10 јуни 2025

Превентивни ктивности на СВР Штип

Денеска (10.06.2025) полициски службеници од ПС за БПС Штип во градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип реализираа едукативна работилница на тема – „Безбедност во сообраќајот“ со дечињата од преучилишна возраст..

Притоа, децата преку наменски подготвено предавање беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, односно како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот, и како пешаци, но особено кога возат велосипеди. 
Дополнителни тие беа едуцирани дека совесното однесување во сообраќајот, правилното движење по тротоарите и познавањето на улогата на пешачките премини и семафорите се најважни за нивната лична безбедност.