Вести

10 јуни 2025

Превентивни активности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (10.06.2025) спроведе превентивни активности од областа на имотните деликти на подрачјето на ПС ОН Аеродром (во непосредна близина на Меѓуградска автобуска станица и Железничка станица). Притоа, полициски службеници во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на потребата од внимателност и одговорност кога се работи за кражбите од возила. 


Под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ со единствена цел заштита на материјалното добро и имотот како и превенирање на ризиците од имотни деликти тешки кражби и кражби од возила полициските службеници делеа низа совети и практични искуства за заштита од овој вид имотни деликти. При реализирање на активноста на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал со испишани пораки а како најважно беше акцентирана благовремената комуникација и соработка со полицијата во насока на спречување на овој вид криминални активности.