Вести

08 јуни 2025

Лишен од слобода возач во Демир Хисар затоа што управувал возило по дејство на алкохол

На 07.06.2025 во 11.15 часот на ул.„Битолска"  во Демир Хисар, полициски службеници  од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода З. Б.(39) од с.Свето Тодори, демирхисарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. 

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.