19 мај 2025

Превентивна активност на СВР Куманово за безбеден сообраќај

Денеска (19.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во содејство со полициски службеници од ПС за БПС Куманово на подрачје на месноста „Соколански парк“ во Куманово, спроведоа превентивно-едукативна активност од областа на безбедноста во сообраќајот.
Притоа, во фокусот на активноста беа возачите на мотоцикли како учесници во сообраќајот, а во непосредна комуникација полициските службеници им укажуваа за важноста од почитување на заштитно-безбедносните мерки, како што е задолжителното носење на кацига. Воедно, на возачите на мотоцикли и мопеди им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.