18 мај 2025

„Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“ – превентивна активност на СВР Скопје

 

Денеска (18.05.2025), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ спроведе превентивно едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачје на општина Илинден, а основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработка помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание.
Притоа, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свесноста и информирање за законската регулатива, како и санкциите.