Деновиве на подрачјето на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица Струмица реализираа повеќе превентивни активности со цел безбедно одржување на матурските прослави. Покрај едукативните предавања во училиштата беа реализирани и превентивни активности насочени кон матурантите како возачи почетници, како и кон возачите кои ќе бидат присутни на приватни матурски прослави.
Преку непосредна комуникација и со делење на летоци со едукативна содржина изготвени од РСБПС, од полициските службеници им беше укажувано да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да возат одговорно за време на матурските прослави.