На 17.05.2025, Отсекот за превенција при СВР Штип заедно Шумска полиција, Дирекцијата за заштита и спасување, ОВР Берово, ОВР Делчево и ОВР Виница реализираа превентивна активност на тема „Заштита на шумите од пожари". Притоа, со граѓани од повеќе населени места беше разговарано за заштита и намалување на опасностите за настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи.
Во рамки на превентивната кампања беше посочено дека е законски казниво палењето на обработливите површини. На граѓаните им беше поделен печатен едукативен материјал, со информативна содржина, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, а насочен кон подигнување на свеста за превенција