Полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола денеска (16.05) реализираа едукативна работилница „Стоп за насилството во училиштата“ со учениците од основното општинско училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, ресенско.
Притоа, на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со учениците, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи, како потенцијален причинител на девијантни поведенија, вклучително и насилството.
Основната цел на едукативната работилница беше подобрувањето на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така, на учениците им беа презентирани и опасностите од користењето на психотропните супстанции, како и законските санкции од истите.