Вчера (15.05.2025) полициски службеници од ПO за БПС Тетово во соработка со Универзитетот во Тетово, реализираа едукативно предавање со студенти од Факултетот за правни науки, програма– криминалистика, при што беше спроведена практична презентација (симулација) по однос на вршење на увид на лице место од сообраќајна незгода и обезбедување на лице место од сообраќајна незгода. Во рамки на предавањето, на присутните студенти им беа презентирани дел од опремата, како и делот од целата постапка за вршење на увид од лице место од случена сообраќајна незгода.
Исто така, вчера полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, заедно со претставници од Општинскиот совет за превенција од детското претстапништво, во Основните општински училишта „Братство Миѓени“ и „Беса“ во Тетово, одржаа едукативни предавања за полуматурантите, односно за учениците од деветто одделение, а на темите - „Безбедни прослави“ и „Врсничко насилство“.
Исто така, по барање на одговорните во приватната детска градинка „Сонце“ во село Брвеница, полициски службеници од сообраќајната полиција вчера реализирано едукативна активност на тема - „Сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот“ , во која на децата од предучилишна возраст им беа презентирани најважните информации и сообраќајни правила што се однесуваат за нив како пешаци учесници во сообраќајот.