Полициски службеници од РЦГР Север и полициски службеници од ПС за ГП Табановце на граничниот премин „Табановце“ вчера (14.05.) заедно со волонтери од Општинската организација на Црвениот крст Куманово се вклучија во реализација на дел од годинешнава програма-Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности.
По тој повод, со цел да се подигне свеста за важноста на безбедноста во сообраќајот и да се едуцираат младите за пружање на прва помош, вчера на граничниот премин беше спроведена превентивно едукативната активност. Притоа, преку непосредна комуникација и со делење на едукативни летоци со информативни содржини, на патниците при влез во државата им беше укажано за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, со апели за прописно и безбедно возење.
...