15 мај 2025

Превентивни активности на СВР Штип за безбедни матурски прослави и безбеден сообраќај

Полициски службеници од ПО за БПС Берово, денеска (15.05.) во Берово спроведоа превентивна активност под мотото „Не пиј кога возиш, алкохолот е лош сопатник“.
Преку делење на летоци изработени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и во непосреден разговор со граѓаните, полициските службеници потенцираа дека управувањето возило под дејство на алкохол е една од најчестите причини за случување на сообраќајни несреќи со тешки последици.
Околу истата тема од областа на безбедноста во сообраќајот и во Кочани, полициски службеници од ПО за БПС Кочани денеска спроведоа превентивна активност, при што акцентот беше ставен на возачите на мопеди и мотоцикли и штетноста од возењето под дејство на алкохол.
Инаку, денеска и полициски службеници од ПС ОН Штип во ДМУЦ „Сергеј Михајлов” во Штип реализираа превентивно предавање на темата „Безбедна матурска вечер“ со матурантите од ова средно училиште. Целта на кампањата е подигнување на свеста кај матурантите за важноста од одговорно однесување за време на матурските прослави, како и да се укаже на можните ризици поврзани со злоупотреба на алкохол, дрога и учество во сообраќајот под дејство на алкохол или психоактивни супстанции. На учениците им беа поделени информативни материјали изработени од РСБСП.