15 мај 2025

Превентивна активност на РЦГР Југ за заштита од пожари

Денеска (15.05.) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ долж зелената граница во мариовско и гевгелиско, заедно со полициски службеници од ПС за ГН Старавина и ПС за ГН и ГП Богородица, реализираа превентивна активност фокусирана на темата – заштита од пожари. Во разговор со месното население од овие подрачја односно во селата Витолиште, Полчиште, Бешиште, Ума, Коњско и Дуње полициските службеници укажаа на опасностите од палење оган на отворен простор, независно дали се работи за меѓи, стрништа или растителен отпад. Воедно, на жителите им беа делени и едукативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, а беше нагласено и дека најважен фактор во превенцијата е соработката и навремената комуникација со полицијата, со противпожарните служби, заради спречување на уништувањето на шумскиот фонд.