15 мај 2025

Едукативна активност на СВР Велес со децата од градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци

Денеска (15.05.) Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа едукативна активност – „Отворен ден со полиција” за децата од градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци.
Преку едукативно предавање, децата од предучилишна возраст се запознаа со важноста на професијата полициски службеник и кое е нејзиното значење за безбедноста на граѓаните. Во рамки на оваа активност на децата им беа презентирани и дел од опремата и возилата што полициските службеници ги користат за извршување на секојдневните задачи.