Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Аеродром денеска (15.05.2025) спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот „Сите сме пешаци“ и „Користи појас“. Превентивно-едукативните активности беа реализирани на подрачјето во надлежност на ПС од ОН Аеродром, поточно на локации на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, каде што во непосредна комуникација со возачите и сопатниците, како и со пешаците, полициските службеници апелираа за почитување на сообраќајните правила и прописи – како основен фактор во општата безбедност во сообраќајот. Исто така, на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативни содржини, изработени во соработка со РСБСП.