15 мај 2025

Симулациска вежба на ОВР Гостивар за однесување во кризни ситуации

 На 14.05.2025, полициски службеници од ОВР Гостивар и Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Гостивар, Територијалната противпожарна единица Гостивар, Дирекција за заштита и спасување, како и со екипа на Итна медицинска помош Гостивар и ученици од Општинското средно индустриско училиште во Гостивар, во централното градско подрачје во Гостивар за учениците од ова училиште и за граѓаните спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците и граѓаните да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, при сообраќајна несреќа, поплава, како и совладување на паниката за безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.