Денеска (14.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во повеќе населени места на подрачјето на општина Велес реализираа превентивна активност, при што со граѓаните беше разговарано за заштита и намалување на опасностите за настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент за опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви.
Во рамки на превентивната активност беше посочено дека е законски казниво палењето на нивните обработливи површини. На граѓаните им беше поделен печатен едукативен материјал, со информативна содржина, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, а насочен кон подигнување на свеста за превенција од пожари.