Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, а во соработка со РСБСП, денеска (14.05) во Битола спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот Активностите беа насочени кон задолжителното користење сигурносен појас и штетноста од употреба на мобилен телефон при возење.
Под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, полициските службеници во централното градско подрачје на Битола ги потсетуваа и апелираа до граѓаните учесници во сообраќајот за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени и едукативни летоци изработени со поддршка од РСБСП.
Инаку, и вчера од страна на полициски службеници од ОВР Ресен беше реализирана едукативна работилница на тема „Безбедна прослава на матурската вечер “ со учениците матуранти од средните училишта во Ресен.