Вести

13 мај 2025

Политика на квалитет

Мисија:

Министерството за внатрешни работи, спроведувајќи ги законските надлежности е посветено на обезбедување висок степен на сигурност и безбедност во државата, заштита на слободите и правата на граѓаните и подобрување на квалитетни услуги во насока на исполнување на потребите и очекувањата на граѓаните.

Визија:
Современа и модерна полиција, дигитализација на работните процеси, безбедна и сигурна заедница и висок квалитет на давање услуги за граѓаните.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Стратешка определба на министерот и врвното раководство е почитување на темелните вредности и цели на министерството:

- Законито, професионално, непристрасно и транспарентно работење во насока на доследна примена на мисијата и остварување на визијата;

- Подигање на угледот на министерството преку воспоставување високи стандарди за личен интегритет и професионална етика на вработените;

- Зајакнување на безбедноста и ефикасна борба против криминалот и корупцијата;

- Нула толеранција за вработените кои ја злоупотребуваат службената положба и овластување;

- Воспоставување на стандарди за сајбер безбедност;

- Поддршка на меѓународните определби за чување на мирот и безбедноста;

- Дигитализација на работните процеси во министерството;

- Подобрување на ефикасноста и ефективноста во давањето услуги за граѓаните;

- Унапредување на соработката со националните институции и меѓународните организации;

- Континуирана надградба на стручноста и компетентноста за извршување на работните задачи на вработените во министерството;

- Унапредување на кариерниот систем на вработените;

- Развивање на концептот за родова еднаквост во министерството;

- Исполнување на барањата на системот за управување со квалитет и негово постојано подобрување.