Денеска (13.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Бит Пазар спроведоа превентивна активност под мотото „Сите сме пешаци“. Активноста беше реализирана на подрачјето на ПСОН Бит Пазар, односно на булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните беше укажувано на нужноста од почитување на сообраќајните правила и прописи како базичен предуслов за поголем степен на безбедноста во сообраќајот. Истовремено беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП. Покрај ова, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Карпош реализираше едукативно предавање за ученици- матуранти од средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, а како дел од кампањата за поголема безбедност на младите во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“.
Преку наменски подготвена презентација, на матурантите им беше укажано за нивната должност да придонесат за безбедно прославување на матурските вечери, за зачувување на безбедноста, јавниот ред и мир, потоа за избегнување на користење на алкохол и психотропни супстанци. Им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, односно доколку консумираат алкохол да не седнуваат зад волан.